ЕЛА МАК

УВОЗ-ИЗВОЗ
СТОВАРИШТЕ И ПИЛАНА

КВАЛИТЕТ И ФУНКЦИОНАЛНОСТ !
Since 1994
Mk Eng
Facebook Skype

ДОБРЕДОЈДОВТЕ

Сега сте на чекор поблиску до големиот избор на квалитетните производи на ЕЛА МАК. Нашето долгогодишно искуство и неуморно работење има за цел нашите клиенти да бидат што позадоволни и помногубројни.

Кои сме, каде и што работиме
Запознајте се подетално со нашата работа

Фирмата "ЕЛА МАК" ДОО, Охрид, работи и успешно опстојува од 01.06.1994 година. Основачи на фирмата се Парулески Томе и Жилески Јонче, а денес традицијата успешно ја продолжуваат нивните синови Парулески Љупчо и Жилески Александар.

Сместени сме на површина од околу 12.000 м2 на главниот пат, на излезот од Охрид спрема Битола.

На почетокот на своето постоење "ЕЛА МАК" ДОО, вработуваше 4(четири) лица, а денес вработени се 14 лица, со тенденција за зголемување на бројот на вработените.

Основна дејност со која се занимава фирмата е производство на режана граѓа и тоа: штици, греди, талпи, штафни и летви во најразлични димензии зависно од потребите на купувачите. Исто така, во нашата фирма се произведува паркет, патос (бродски под), ламперија и лајсни во најразлични димензии.

Во производствениот асортиман на "ЕЛА МАК" ДОО, влегуваат и брикети кои се пакуваат во вреќи со тежина од 27 - 30 кгр. "ЕЛА МАК" ДОО, поседува сушара, од каде излегуваат суви столарски, букови и борови талпи и штици. Влажноста на сувиот материјал е 8 - 10 %.